Актуелен проектен актив
Во воспитната 2017/2018год. во Установата се реализира Програмата за рано учење и развој.
Програмата за едукација на децата од предучилишна возраст во установите за згрижување и воспитување на деца со процесот на одгледување и конзумирање на здрава храна (Градини во детските градинки).
Установата ги реализира и следните проекти:
-„Инклузија на деца Роми во јавните детски градинки” со вкупно 27 деца распоредени во осум групи во три детски градинки (ДГ „"Снегулка" , ДГ "Вангел Мајорот"и ДГ "Пролет");
-Проектот "За интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовниот систем"
-Проектот “Градот низ детските очи“
- Проектот "Од дете за дете"
- Проектот "Рециклирање со имагинација"
- Проектот "Семејство и семејни вредности"
- Проектот "Моја хигиена - моја навика"
- Проектот "Бон - тон за деца"
- Проект за "Воведување на почит кон различности - мултикултурализам и инклузија во раниот детски развој"
Почитување на упатстава за:
- Планирање на активности од програмата за рано учење и развој за стекнување на здрави животни навики и безбедно однесување кај децата од предучилишна возраст во Установите за згрижување и воспитување на деца
- Планирање спртски (физички, моторички) активности согласно стручно - научната оправданост, принципите и целите на програмата за рано учење и развој кај децата од предучилишна возраст (забавен спорт)
- За реализација на програмата за рано учење и развој и достигнување на стандардите за рано учење и развој преку вклучување на традиционални игри во установите
Оваа воспина година во Установата како и повеќе години на назад реализираме интерен проект во рамки на проектот "Негуваме традиција и обичаи", кој носи име "Битола град на ... ".
На 19.07.2007 год., започнавме со реализација на проектот за подготвување на еден топол оброк.........“ Народна кујна “. Најпрво се започна со подготвување на 90 топли оброци, а од Октомври 2007 год. и 90 ладни оброци, а од 01.01.2008 год. почнавме со подготовка на 120 топли и ладни оброци. Овој проект го реализираме со помош на МТСП и локалната самоуправа, а храната се дели на 3 пунктови во градот.
Воспитно-образовната работа во Установата се реализира во согласност со Програмата за рано учење и ран детски развој. Исто така во Установата се реализира и Програмата за едукација на децата од предучилишна возраст за одгледување и конзумирање на здрава храна ( Градини во детските градинки). Акцент во своето работење Установата става на соработката со родителите, која се развива во континуитет.